Бабунски пред Италија: Фудбалот не трпи историја, секој натпревар е нов предизвик

Фото: Screenshot

Maкедонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревари во квалификациите за Европското првенство, во Скопје прво гостува Италија в сабота, а три дена подоцна патуваме за Малта.

На стартот на подготовките изјава за медиумите даде Доријан Бабунски кој смета дека во репрезентацијата се чувствува една нова енергија.

„Италија е една светска велесила во фудбалот, но ние доаѓаме мотивираме и голем дел од нашите фудбалери играле против нив, а се гледа една реновирана енергија. Верувам дека добро ќе се подготвиме пред натпреварите што не очекуваат. Фудбалот не трпи историја, секој натпревар е нов, така е и сега пред Италија. Голем дел од репрезентативците се искусни, си помагаме еден на друг, ќе работиме напорно и ќе се подготвуваме за претстојните мечеви“, изјави Бабунски.

Милевски повика 29 фудбалери за натпреварите против Италија и Малта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот