Бабиш со писмо до Макрон и Лејен: Европа мора да ни овозможи изградба на нуклеарни блокови

Фото: МИА

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска предупреди дека неговата земја нема да може без нови нуклеарни електрани и вонредни донции од ЕУ, како и тоа дека и тие сакаат да помогнат во борбата против климатските промени.

Чешкиот премиер потенцирал и дека испратил писмо до Макрон и Урсула фон дер Лејен, во кое им објаснил дека на Чешка и недостасува нуклеарна енергија.

– Владата има јасен план како да ги намали емисиите на гасови. Му пишав писмо на (Емануел) Макрон и претседателката на Европската комисија (Урсула фон дер Лејен), во кое јасно им велам: И ние се бориме против климатските промени, но потребна ни е нуклеарна енергија. Европа мора да ни овозможи да изградиме нуклеарни блокови. Имаме јасен план како ќе ги изградиме. За нас, клуч е нуклеарната енергија – рекол Бабиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот