Баба од Босна ја снабдувала Австрија со марихуана: Со ќерката направила дилерска мрежа, ги вклучила и внуците

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

Семејството е уапсено кога најмладиот син се обидел да продаде дрога на полициски инспектор.

Австриската полиција уапси жена и нејзините двајца синови на старост од 19 и 22 години, поради сомнение дека продавале дрога во Австрија. Се верува дека во целата приказна е вклучена и мајката на уапсената жена, Босанка, која ја одгледувала марихуаната, пишува српски „Телеграф“.

Осомничената, инаку државјанка на Босна и Херцеговина, се терети дека редовно ја посетувала мајка си во татковината и дека оттаму криумчарела десетина килограми марихуана.

Додека дрогата потоа ја „растурала“ во Линц со синовите, бабата се грижела за да им подготви нова пратка кога потворно ќе стигнат во посета.

За време на приведувањето, полицијата кај осомничената нашла повеќе од 20 килограми канабис, но и три килограми хероин и дрогата наречена спид.

Семејството е уапсено кога најмладиот син се обидел да продаде дрога на полициски инспектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот