Австријците во Скопје со Алаба, Бургшталер и Арнаутовиќ

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Веќе е објавено со кои имиња ќе настапи нашиот селектор Игор Ангеловски за наредните два меча во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“ против Полска (7 јуни) и Австријците три дена подоцна.

Најголемиот дел од австриските репрезентативци настапуваат во Бундес лигата, меѓу нив најзвучни се Давид Алаба од редовите на Баерн Минхен, потоа Марко Арнаутовиќ од Вест Хем, Гвидо Бургшталер од Шалке, Валентино Лазаро (Херта)..

Составот на австриската фудбалска репрезентација:

Алаба, Арнаутовиќ, Баумгартлингер, Бургшталер, Драговиќ, Грегорич, Хинтерегер, Илсанкер, Лаинер, Лаимер, Лазаро, Линхарт, Линднер, Кајнц, Онисиво, Перван, Пош, Сабицер, Шоб, Шлагер, Улмер, Станковиќ, Валци, Зуљ.

Претходно и Полјаците објавија со кои имиња ќе дојдат во нашиот главен град, предводени од првата ѕвезда Роберт Левандовски.

Нашата најдобра селекција како што е најавено да ги има првите тренинзи на 3 јуни со почеток од 18:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот