Полска со Левандовски доаѓа во Скопје

EPA-EFE

Секако за нас поважен е оној меч што ќе се одржи на 7 јуни на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје против Полјаците кои важат за главни фаворити во групата.

Три дена подоцна ќе ја пречекаме и Австрија, додека Полјаците на домашен терен во Варшава ќе играат против селекцијата на Израел.

Најзвучните имиња од редовите на полската селекција секако доаѓаат од делот на нападот на кој што треба особено да обрнеме внимание, а прва ѕвезда е Роберт Левандовски од редовите на Баерн Минхен.

Фото: pzpn.pl

Јержи Брзечек ги повика уште играчот на Милан, Кшиштоф Пјонтек, членот на Наполи, Аркадиуш Милик, потоа Шчесни, Фабиански, Глик, Криховијак, Клих, Зиелински…

Потсетување дека нашиот селектор Игор Ангеловски се очекува списокот да го објави после финалниот куп меч кој што ќе се одржи в среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот