Проблем за Германија: Напаѓачот на Баерн под знак прашалник за Европското првенство
Напаѓачот Серж Гнабри се повреди и ќе го пропушти остатокот на сезоната за Баерн Минхен. Ова и не е толкав проблем ако се знае дека Баерн веќе нема за што да игра до крајот на сезоната, меѓутоа постои стравувањње дека нема да биде спремен и за Европското првенство.
Гнабри се повреди пред два дена во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тухел во овој натпревар беше приморан да го замени по само 27 минути игра.
По дополнителните прегледи било утврдено дека нема да биде на располагање до крајот на сезоната и ќе ги пропушти средбите против Волфсбург и Хофенхајм.
Гнабри е на списокот кандидати и се очекува да го носи дресот на Германија на Европското првенство, а доколку не се опорави селекторот Јулијан Нагелсман ќе треба да бара нови решенија.
🔴⚠️ Serge Gnabry, diagnosed with a torn muscle in his left hamstring and out for the rest of the season at Bayern.
He’s also at risk for Euro2024 now. 🇩🇪 pic.twitter.com/eKd8TIX6YV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 10, 2024