Тренчовски: Сакаме да го однесеме првиот куп трофеј во Струмица

Фото: ФФМ

На официјалната прес – конференција двајцата тренери, Александар Таневски (Македонија Ѓ.П.) и Југослав Тренчовски (Академија Пандев) ги споделија своите очекувања околу финалната пресметка.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски вели дека финалето од Купот на Македонија за клубот е некој нов предизвик.

– Ние сме понеискусна екипа, меѓутоа имаме квалитетни фудбалери и играчи со потенцијал. Македонија Ѓ.П. заслужува целосен респект, се работи за тим кој игра отворен и допадлив фудбал. Задоволство ни е третото место во шампионатот, но уште поголем успех ќе биде пехар во Купот на Македонија – рече Тренчовски.

Фото: ФФМ

Признава дека потајно имаат притисок, затоа што сакаат заедно да ја однесат првата Куп-титула во Струмица, но од друга страна не забораваат дека Македонија Ѓ.П. елиминираше фудбалски брендови и во составот има играчи како Остоја Стјепановиќ, Кировски, Божиновски и останатите кои имаат искуство и квалитет.

Од друга страна, стратегот на Македонија ЃП, Александар Таневски вели дека се работи за два тима што имаат обезбедено по нешто во првенството, ѓорчепетровци опстанокот, а Академија Пандев настапот во Европа.

– Мислам дека на вакви натпревари се заборава притисокот и заморот. Академија Пандев игра допадлив фудбал. Можеби ќе треба да бидеме претпазливи, но нема да го менуваме стилот. Мислам дека тоа ќе ни донесе успех. Искуството е на наша страна, имаме играчи со четири до пет финалиња – изјави Таневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот