Ангеловски не го менува тимот кој победува
Селекторот Игор Ангеловски со проверени сили ќе им се спротивстави на Полска (7 јуни) и на Австрија (10 јуни) во квалификациите за ЕП 2020 година.
На местото на повредените Стефан Спировски и Иван Тричковски, селекторот Ангеловски во репрезентацијата ги врати Марјан Радевски и Аријан Адеми.
Препорачано
– На списокот на фудбалери се играчи кои долго се во тимот, повратници се Радески и Адеми, кои заздравија и се ставаат во погон. Од 27. мај ќе имаме тренинзи со 17 фудбалери, со оглед дека најголемиот дел од првенствата се завршени, а официјално собирот е на 3 јуни, зашто тоа е ФИФА-термин. На списокот се и фудбалери кои имаат проблеми со повреди, Алиоски имаше операција, Несторовски и Трајковски имаат повреди, но во контакт на нашиот лекарски тим со нив постојат шанси да бидат подготвени за настап и сѐ додека има шанси јас не се откажувам од нив – вели Ангеловски.
На списокот на селекторот за дуелите со главниот фаворит за првото место и конкурентот за втората позиција, се наоѓаат и повредените, играчите на Палермо Илија Несторовски и Александар Трајковски и фудбалерот на Лидс, Езгјан Алиоски.

Македонија по две кола во евроквалификациите има четири бода и прво ќе ја дочека Полска која ќе ја предводи Роберт Левандовск, а три дена подоцна исто така на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека и Австрија, која лошо тргна во квалификациите, со два порази.


