Австрија потполно го отвора пазарот на труд за своите комшии

Австрија фото Архива на Слободен печат

На почетокот од воведувањето рестриктивни мерки кон крајот на март, Австрија имаше 637.776 невработени лица додека на 1. јуни бројот на невработени и оние со скратено работно време се искачи на вртоглави 1.881.735.

Земјата бележи нагорен тренд кога станува збор за опоравување од корона кризата, а невработеноста за прв пат падна под еден милион.

– Се движиме кон горе, но се уште не сме се искачиле на ридот, изјави австриската министерка за економија Маргарет Шрамбук.

На почетокот од воведувањето рестриктивни мерки кон крајот на март, Австрија имаше 637.776 невработени лица додека на 1. јуни бројот на невработени и оние со скратено работно време се искачи на вртоглави 1.881.735.

Меѓутоа, со олабавувањето на мерките кои вклучуваа отворање на продавници како и ревитализација на угостителството бројот на невработени се сведе на 1.283.121.

Во споредба со минатата година состојбата со вработеноста во трговијата е иста. Еден од најпогодените сектори е туризмот и сите сектори поврзани со него.

Во моментов особено е проблематичен градскиот, додека руралниот туризам бележи пораст.

Од тоа е условена и одлуката на угостителите и хотелиерите да им се продолжи можноста за користење на скратено работно време со финансиска поддршка од државата до септември.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот