Жители на Сараево бегаат од снајперски оган за време на опсадата на градот / фото: Јутјуб/ принтскрин / „Sarajevo Safari“, trailer

Австриец и Германец се осомничени дека убивале невини луѓе во „сараевското сафари“

Австриец и Германец се осомничени во Австрија дека учествувале како „снајпер-туристи“ во пукањето врз цивили за време на опсадата на Сараево во периодот од 1992 до 1996 година, објави „Кронен цајтунг“.

Според досегашните сознанија, против двајцата постојат сериозни основи за сомневање. Австрискиот државјанин, наводно, за време на војната во Босна, меѓу 1992 и 1996 година, патувал во Сараево за да пука врз цивили за време на опсадата на градот, а тоа го правел од позициите на српската армија и нејзините сојузнички милиции.

Таканаречените „снајперски сафарија“, според наводите, биле прикривани како ловни тури на Балканот.

Поранешната австриска министерка за правда од редовите на Зелените, Алма Задиќ, претходно поднесе пратеничко прашање до Министерството за правда во врска со случајот познат како „Сараево сафари“.

— Станува збор за сомнежи за најтешки воени злосторства, кои мора темелно да се истражат и да се гонат. Не смее да има простор за неказнивост — изјави таа.

Ненадејно умре клучен сведок во истрагата за „сараевското сафари“, иако бил здрав

Документарецот „Сараево сафари“ ги поттикна истрагите

Во Италија веќе неколку месеци се водат слични истраги против државјани на таа земја. Тие беа покренати по пријава од миланскиот писател Ецио Гавацени. Според Гавацени, во „човечките сафари“ во Сараево учествувале и граѓани од Австрија и од Германија.

— Секоја земја, па и Австрија, треба да покрене истраги, како што направивме ние во Италија. Секоја земја треба да си ја заврши домашната задача — изјави 66-годишниот Гавацени во февруари, во разговор со австриската новинска агенција АПА во Рим.

Гавацени напиша книга за „снајперските сафари“, поттикнат од стари италијански написи и од документарецот „Сараево сафари“ на Миран Зупанич.

Според сведоштвата во филмот, богати странци плаќале огромни суми за да пукаат врз луѓе во Сараево, без идеолошки мотив, туку од сурова забава.

Ужасно откритие: Најмалку петмина Италијанци биле вклучени во „рекреативни снајперски напади“ врз цивили во Сараево во 1993 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот