Иран фудбалерки/ EPA/DAVE HUNT

Австралија ќе им помогне – пет ирански фудбалерки добија хуманитарни визи

Пет фудбалерки од женската репрезентација на Иран, која настапуваше на Азискиот куп во Австралија, добија хуманитарни визи, потврди австралискиот премиер Ентони Албанезе. Тој откри и дека по ова прашање имал разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Јавноста и навивачите претходно ја повикаа австралиската влада да им понуди заштита на иранските фудбалерки, поради стравувањата дека би можеле да се соочат со прогон во својата земја. Фудбалерките се најдоа под жестоки критики поради тоа што не ја пееја химната во нивниот прв натпревар на Азиското првенство што се сметаше како некаков протест кон државниот врв во Иран во овој момент, па ги означија и како „воени предавници“.

Албанезе изјави дека австралиските власти веќе извесно време работеле на решавање на ова прашање и дека фудбалерките се префрлени на безбедна локација. Тој додаде дека истата понуда е отворена и за останатите членки на репрезентацијата, пренесува Си-ен-ен.

„Подготвени сме да им помогнеме и на другите фудбалерки од тимот. Станува збор за многу чувствителна ситуација и одлуката зависи од нив, но ние им порачуваме дека, доколку сакаат наша помош, таа им стои на располагање“, изјави Албанезе.

Претходно, во објава на американскиот претседател Доналд Трамп порача дека би било „страшна хуманитарна грешка“ доколку Австралија дозволи иранската репрезентација да се врати во Иран. Тој додаде дека Соединетите Американски Држави се подготвени да им одобрат азил на фудбалерките доколку Австралија не го стори тоа.

Иран најави повлекување од Светското првенство – две репрезентации чекаат шанса да го заменат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот