Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран најави повлекување од Светското првенство – две репрезентации чекаат шанса да го заменат

Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Тај, најави дека е многу реално Иран да се повлече од Светското фудбалско првенство по американските и израелските воени напади, а веќе се отвора прашањето која селекција би можела да го замени.

Доколку Светската фудбалска федерација одлучи дека Иран нема да настапи, неговото место ќе ѝ припадне на некоја азиска селекција. Во игра се две опции и тешко дека ќе се оди надвор од тие рамки.

Првата можност се Обединетите Арапски Емирати, кои во квалификациската група завршија на третото место, зад Иран и Узбекистан. Иран и Узбекистан изборија директен пласман на Светското првенство, додека Емиратите останаа без билет за Мундијалот. Доколку се следи логиката на пласманот во групата, токму тие би можеле да добијат шанса. Парадоксално, токму во овие денови трае конфликт во кој Иран напаѓа американски бази на територија на Емиратите.

Втората опција е Ирак. Оваа репрезентација стигна најдалеку од азиските селекции што сè уште не обезбедиле директен пласман и ќе игра во интерконтиненталниот бараж за Светското првенство. Со оглед на постигнатите резултати, Ирак би можел да добие предност како најуспешна азиска земја која не се квалификувала директно.

Иако Светската фудбалска федерација има право да донесе и поинаква одлука, тоа е речиси невозможно сценарио. Азиската фудбалска конфедерација има загарантирани осум места на Мундијалот и логично е испразнетото место да му припадне на ривал од истата зона. Очекувањата се дека ќе се почитуваат резултатите од квалификациите, што би значело радост или за Емиратите или за Ирак.

Да потсетиме, претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Тај, изјави дека лично го поддржува повлекувањето од Светското првенство и дека „многу е малку веројатно да можеме да очекуваме настап на Мундијалот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот