струја фото

Австралија ќе им обезбеди на своите граѓани три часа дневно бесплатна струја

Австралија ќе им понуди на домаќинствата, вклучително и оние без соларни панели, најмалку три часа бесплатна сончева енергија секој ден како дел од програмата за заштеда на енергија која се очекува да стане активна во 2026 година, изјави австралискиот министер за енергетика Крис Бовен. Програмата „Солар Шарер“ прво ќе биде лансирана во државите Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и југоисточен Квинсленд, пред да се прошири во други делови од земјата, пишува Пословни дневник. Граѓаните ќе можат да користат бесплатна енергија во периодите на врвно производство, главно во средината на денот.

„Домаќинствата што ќе успеат да ја прилагодат својата потрошувачка на периодите на бесплатна електрична енергија ќе имаат директна корист, без разлика дали имаат соларни панели или не, и без оглед на тоа дали се сопственици на домови или изнајмувачи. Колку повеќе луѓе ќе се приклучат на програмата и ќе ја префрлат својата потрошувачка на овие часови, толку е поголема користа за целиот систем и пониските трошоци за сите корисници на електрична енергија“, рече Бовен.

Во Австралија, околу четири милиони домаќинства веќе имаат соларни панели на своите покриви. Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради што немаат свои соларни панели, под услов да имаат паметно броило и да ја прилагодат својата потрошувачка на енергија на средината на денот, кога можат да користат бесплатна електрична енергија или да полнат електрични возила. Во 2022 година, Австралија постави цел 82 проценти од својата електрична енергија да доаѓа од обновливи извори до 2030 година, со законски задолжително намалување на емисиите на стакленички гасови од 43 проценти во споредба со нивоата од 2005 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот