Австралија и Велика Британија по стапките на САД, дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Политиката се вмеша во спортот/ фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Велика Британија и Австралија им се приклучија на Соединетите Американски Држави во дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг и нема да испратат ниту еден државен службеник на Игрите.

– Генерално не сум за бојкот на спортски натпреварувања, но сега нема да има наши претставници во Пекинг – изјави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Веднаш по британскиот премиер, се огласи и премиерот на Австралија, Скот Морисон.
– Свесни сме дека постои проблем со кршењето на човековите права. Исто така постојат бројни проблеми кои предизвикуваат несогласувања помеѓу Австралија и Кина. Ние се обидовме да разговараме со кинеската влада за сите несогласувања, но тие не ја прифатија поканата за средба. Така што не е изненадување што во Пекинг нема да има државни службеници – изјави премиерот Морисон.

Причина за дипломатскиот бојкот на ЗОИ во Пекинг од страна на САД, Велика Британија и Австралија е кршењето на човековите права во малцинствата во Кина, пред се на Ујгурите.
И Јапонија и Канада најавија дека е можно да се приклучат на дипломатскиот бојкот.

Кина остро ги отфрли сите обвинувања и истакна дека дипломатскиот бојкот е всушност „политичка пропаганда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот