АВМУ: Изработена студијата „Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување”

За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска ја изработија студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.

Студијата, достапна на македонски и англиски јазик, има за цел да спроведе проценка на важечките законски одредби за концентрација на сопственоста во аудиовизуелниот сектор и да препорача идни чекори во политиките. Како резултат, можни се измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со оглед на тоа што постојната регулатива за концентрација на сопственоста на медиумите е застарена, а овие прашања добиваат ново значење во контекст на дигиталните технологии, конвергенцијата, ширењето на новите интернет медиуми и фрагментирањето на пазарот и публиката.

Студијата е изработена во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)”, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022″.

Студијата е достапна на следниот линк: Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот