Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза/ Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Авион на „Луфтханза“ принудно слета на аеродромот во Женева

Авион „Бомбардие CRJ-900“ на германската авиокомпанија „Луфтханза“ на лет од Лион до Минхен беше пренасочен кон аеродромот во Женева во саботата поради технички проблем, кој беше пријавен кратко по полетувањето, објавија денес француските медиуми.

По полетувањето од аеродромот „Сент Егзипери“ во Лион, авионот на „Луфтханза“ прво кружеше над Лион, а потоа екипажот доби инструкции од контролата на летање да го пренасочи авионот кон Женева, објавува „Фигаро“, наведувајќи дека по добивањето информации за пренасочувањето на авионот, на пистата на аеродромот во Женева бил распореден тим за итни интервенции.

Патничкиот авион „Бомбардие CRJ-900“ на германската авиокомпанија бил во фаза на искачување кога екипажот регистрирал „системско предупредување“ и веднаш ја започнал постапката за итни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот