Авганистан денеска ослободи 100 талибански заробеници

epa07998603 Afghan women hold banners with the image of Anas Haqqani during a protest in Kabul, Afghanistan, 15 November 2019. Haqqani and two other Taliban top commanders are scheduled to be released by the Afghan government in an apparent exchange for the release of two captive professors of the American University of Afghanistan three days ago. EPA-EFE/JAWAD JALALI

Ослободувањето на заробениците е пресуден прв чекор кон преговорите внатре во Авганистан, што за своја цел имаат конечно завршувње на децениските војни.

Авагнистан денеска ослободи  100 заробени талибанци, тврдејќи дека тие се меѓу 5.000 заробеници кои се ослободени врз основа на договорот меѓу бунтовниците и САД.

Талибанците, меѓутоа, изјавија дека мораат да проверат дали ослободнеите се наоѓаат на списокот што му го предадоа на Вашингтон во текот на преговорите во Доха, пренесуваат американските медиуми.

Ослободувањето на заробениците е пресуден прв чекор кон преговорите внатре во Авганистан, што за своја цел имаат конечно завршувње на децениските војни.

Со договорот што беше потпиуша на 29 февруари, исто така, талибанците се повикуваат да ослободат 1.000 лица од владиниот персонал, кои тие ги држат како заложници.

Политичкиот портпарол на талибанците, Сухаи Шахан на Твитер ја опомена владата заради одбивањето да ги ослободи првите 15 талибанци кои тие ги побараа и кои се наоѓаа на списокот испорачан во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот