Питон / Фото: Pexels

Мала хорор приказна: Австралијка се разбудила со тежина на градите и сфатила дека врз неа лежи питон

Австралијка доживеала вистински шок кога се разбудила со чувство на тежина на градите и сфатила дека врз неа лежи огромна змија.

Рејчел Блур од Бризбејн едно утро се разбудила мислејќи дека на неа легнал нејзиниот пес. Сепак, набрзо сфатила дека станува збор за питон долг околу два и пол метри – питон од видот морелија спилота. За среќа, таа успеала присебно да реагира, да стане од креветот и потоа да ја исфрли змијата низ прозорецот од куќата.

Според нејзините сомнежи, питонот се искачил до вториот кат, ја оттурнал дрвената ролетна, се провлекол низ прозорецот и потоа се свил директно врз нејзините гради.

Иако ситуацијата била застрашувачка, Рејчел вели дека не се плаши од змии, но има изразен страв од краставите жаби.

„Краставите жаби навистина ме ужаснуваат“, изјавила таа за австралиските медиуми.

Фаќачот на змии од Ипсвич, Курт Вајт, објаснува дека активноста на змиите во Австралија е зголемена бидејќи завршила сезоната на парење и сега се појавиле многу млади единки.

„Со овие високи температури, ги гледаме сè почесто во движење и како се сончаат“, изјавил Вајт.

Тој посочува дека бројот на змии не е зголемен, но дека граѓаните почесто пријавуваат средби со нив, бидејќи новите станбени населби ги заменуваат природните живеалишта.

„Змиите мора некаде да живеат, а нашите дворови им нудат совршено живеалиште. За жал, процепите под гаражните врати се идеални влезови за нив“, предупредува експертот за влекачи.

Вајт додава и дека во последниот период во Австралија е забележан пораст на каснувања од змии.

„Во околу 90 проценти од случаите, до каснување доаѓа затоа што луѓето се обидуваат да ги допрат. Најдобро е секогаш да се повикаат професионалци“, порачува тој.

ФОТО | Лови питони и нурка со ајкули: Таа е најубавата научничка и манекенка на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот