Изгорен автомобил / фото: илустрација

„Ауди А6“ горело рано наутро во Скопско, го гаснеле татко и син

Автомобил „Ауди А6“ рано утрово се запалило во скопското село Сарај, а сопственикот и неговиот син го изгаснале пожарот, соопшти МВР, без да наведе детали за тоа како настанал пожарот.

„На 21.03.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот во с.Сарај, скопско, било опожарено патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(64) од с.Сарај, а кое било паркирано во неговиот двор. Пожарот го изгаснал сопственикот со неговиот син Б.А., а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Во Зрновци e пронајдена мртва жена, Обвинителството ќе ги проверува причините за смртта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот