Атлетико со еден удар ќе утепа две муви, го блокира трансферот на Барселона
Атлетико Мадрид се наоѓа на чекор до трансфер со кој ќе го засили нападот.
„Јорганџиите“ играат фантастично сезонава, лидери се на табелата во Ла Лига, а веќе работат на тоа да го засилат тимот.
Прво зимско засилување ќе биде играчот на Олимпик Лион, Муса Дембеле. Спортскиот директор на францускиот тим, Жунињо Пернамбукано потврди дека Дембеле побарал да си замине од Лион.
– Муса дојде кај мене и ми рече дека чувствува оти време за промена. Декај за загуби мотивацијата во Лион. Преговараме со Атлетико, се уште ништо не е завршено, но фудбалеротги договори личните услови – изјави Жунињо.
Но, според француските медиуми работата е договорена, Дембеле доаѓа во Атлетико на шестмесечна позајмица со опција на лето да биде откупен договорот за 33 милиони евра.
Атлетико Мадрид со трансферот на Муса Дембеле утепа две муви, ќе го засили својот тим, а ќе ја затвори вратата за трансфер на Мемфис Депај во Барселона. Иако договорот на Депај му истекува во јуни, Олимпик Лион нема да дозволи да остане без двајцата најдобри напаѓачи и поради тоа холандскиот репрезентативец најверојатно на лето ќе пристигне на „Камп Ноу“.