Атлетико Мадрид ќе биде најголемиот „губитник“ во Шпанија!?

фото: твитер

Од Фудбалската федерација на Шпанија е испратен официјален предлог до „Ла Лига“ што се однесува до европските купови за следната сезона.

Никој не посакува поради пандемијата на коронавирусот и натаму да ги одложува фудбалските натпреварувања и да ги заклучува фудбалерите во наредните месеци, но Шпанците се подготвуваат и за тоа сценарио.

Со оглед на тоа што Шпанија е една од најпогодените земји од Ковид-19, направен е план доколку оваа сезона не може да заврши до предвидениот датум. Фудбалската федерација на Шпанија денеска испрати официјален предлог до „Ла Лига“ околу расплетот на првенството што се однесува до европските купови за следната сезона.

Според овој план, доколку првенството не можеше да се одигра до крај, моменталната табела во „Ла Лига“ ќе биде прогласена за конечна.

Во тој случај Барселона, Реал Мадрид, Севиља и Реал Сосиедад би добиле места во Лигата на шампионите, а најголем „губитник“ би бил Атлетико Мадрид, кој би требало да настапува во Лигата на Европа, заедно со Хетафе и Атлетик Билбао.

Во истиот предлог не се наведува дали воедно значи и потврда на шампионска титула на Барселона која до прекинот на сезоната имаше само два бода предност во однос на Реал Мадрид, ниту пак има информации како би се решило прашањето околу испаѓањето, дали некој би ја напуштил „Ла Лига“ или ќе биде проширена за уште две места за следната сезона.

Сега првите луѓе на „Ла Лига“ треба да одговорат на овој предлог што е можно поскоро, бидејќи следната недела УЕФА ќе има нова средба со претставниците на националните федерации околу можното продолжување на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот