Фото: mkd.basketball

Атанасов: Вечното дерби е приказна за себе, но нашите цели се трофејот да остане во Аеродром

Нема подобар почеток за публиката, иако доста од кошаркарските фанови сакаат тоа да се случи во финалниот меч. Од дуелот во кој играат двата најтрофејни клубови низ историјата на Купот „Благоја Георгиевски- Буштур“ што годинава ќе се организира во Куманово.

Четвртфиналето помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се игра на 13 февруари со почеток од 14.30 часот.

– Купот е најинтересното натпреварување кај нас, затоа што е без фаворити, тоа се докажало низ годините. За нас отворањето е со вечното дерби, тоа е приказна сама за себе и многу ни е важен. Нашите цели како клуб се јасни, тоа е трофејот да остане во Аеродром – јасен на тренерот на тимот од Аеродром, Васко Атанасов.

Дамјан Стојановски посакува максимум од МЗТ Скопје на овој дерби-меч од четвртфиналето:

– Како што кажа тренерот Васко Атанасов, Купот е специфичен и нема фаворити. Ние првиот меч го играме со Работнички, знаеме за каква екипа станува збор. Мислам дека наше е да го дадеме максимумот, како што ќе се договориме пред меч, така да играме од меч во меч и да дојдеме од трофејот во Купот – порачува капитенот на МЗТ Скопје.

Кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“
Куманово 2026

Распоред на натпревари
Четврт-финале

13 февруари

12.00 часот ТФТ – Феникс 2010
14.30 часот МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
17.00 часот Кожув – Маџари
19.30 часот Пелистер – МКК Куманово

Наредниот ден, 14 февруари (сабота), на програмата се двата полуфинални натпревари.

Првото полуфинале е закажано за 17.00 часот (ќе играат подобрите од средбите ТФТ-Феникс 2010, Пелистер-МКК Куманово), а нешто подоцна, од 19.30 часот, ќе се игра и вториот полуфинален меч (победниците од натпреварите МЗТ Скопје Аеродром-Работнички и Кожув-Маџари).

Недела, 15 февруари, е резервирана за финалето и борбата за куп трофејот со почеток од 19.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот