Ашер наскоро ќе се жени: Пејачот пред настапот на Супербол поднел барање за дозвола за брак

Фото: GIO / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Познатата музичка ѕвезда, Ашер направи спектакл на овогодинашниот Супербол, а странските медиуми сега пишуваат дека пејачот наскоро планира да се ожени со својата долгогодишна партнерка Џенифер Гоикочеа.

Магазинот „Пипл“ вели дека поседува судски записи кои покажуваат дека Ашер и Џенифер поднеле барање за дозвола за брак во округот Кларк, Невада, САД.

Парот тоа го направил неколку дена пред настапот на Супербол. Судската евиденција, исто така, покажува дека нивната потврда за венчавка сè уште не е извршена.

Инаку, Ашер и Џенифер предизвикаа гласини за нивната врска уште во јуни 2019 година, а заедно имаат две деца – ќерката Суверен Бо и синот Сире Кастрело. Ашер има и два сина со поранешната сопруга Тамека Фостер.

Ашер нема да земе ниту еден долар за настапот на Супербол

ВИДЕО | Најдобрите реклами на годинашниот Супербол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот