Артилериските гранати наменети за Украина, Пентагон ги испраќа за потребите на Израел
Пентагон планира да испрати десетици илјади артилериски гранати со калибар 155 во Израел, кои претходно биле наменети за Украина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, израелските одбранбени сили (ИДФ) и израелското Министерство за одбрана им рекле на своите американски колеги дека итно им се потребни артилериски гранати за да се подготват за копнена инвазија на Газа и потенцијална ескалација на војната со Хезболах, велат израелските власти.
Од почетокот на 2023 година, САД почнаа да испраќаат артилериски гранати од калибар 155 мм во Украина од сопствените резерви на муниција, кои според претходен договор се чуваат во Израел.
Американските медиуми повикувајќи се на изралеските безбедносни слуќби тврдат дека во тоа време, израелската војска, раководфејќи се според воено безбедносните проценки, му укажала на тогашниот израелски премиер Јаир Лапид и на тогашниот министер за одбрана Бени Ганц дека во тој момент не постои сценарио според кое на Израел ќе му треба итно снабдување со гранати.

Вистинската пресвртница се случи на 7 октомври, кога палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел откако траат најкрвавите конфликти во областа.Мртвите и повредените се бројат на илјадници, а од тој ден израелските одбранбени сили не престануваат да го бомбардираат Појасот Газа , на кои им го прекинаа снабдувањето со вода, струја, храна, лекови и гориво.
Со оглед на прашањето кога израелската армија би можела да започне копнена офанзива на Појасот Газа и имајќи ги предвид проценките на бројни експерти дека борбите во густо населената Газа, полна со тунелни мрежи на Хамас, би можеле да траат со месеци -укаќува дека на Израел му треба многу оружје, секако она што Украина требаше да го добие за потребите на својата одбрана од руските напади.
Ова повторно имплицира дека Русите, кога станува збор за украинско-руската војна, практично би можеле да ја продолжат војната, и така да го чекаат дотурот на странско оружје за потребите на украинската армија да се сведе на минимум. Тук Москва и Птуин веројатно ја гледаат својата шанса да го скршат украинскиот отпор, сметаат дел одсветските аналитичари


