Арсовска го стопираше тендерот на ЕБОР за БРТ

данела арсовска брт превоз
Брт превоз во Скопје / Колаж: СП. / Фото: Град Скопје, Данела Арсовска

Тендерот за изградба на автобуското метро или Бас рапид транзит (БРТ), кој беше објавен од страна на Европската банка за обнова и развој е стопиран, пишува СДК. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска откако дојде на функцијата најави дека нема да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, Петре Шилегов, а сега тој е официјално прекинат.

Од кабинетот на Арсовска велат дека постапката е прекината и затоа нема пристигнати понуди.

„БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното“, велат од Град Скопје.

Поранешното раководство на Град Скопје заедно со експертите на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на пректот работеа околу три години. Притоа со средства од ЕБОР во висина од 75.000 евра се направија истражувањата, а неколку експерти од земјава и странство учествуваа во изработка на студијата.

Врз основа на истражувањата и студијата, со буџетски пари од Градот се правеше проектот за првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче за што беа потрошени 95.000 евра.

Во април годинава беше потпишан договорот со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.

Потоа, во јули проектот беше презентиран на јавноста и беше кажано дека возилата ќе се движат по посебната лента која ќе биде во средишните жардинери, а ќе биде одвоена од лентите за сообраќај со зеленило од двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот