Арсенал за анонимен играч потроши повеќе од 17 милиони фунти

„Топџиите“ ова лето потрошија 147 милиони евра/Фото: EPA-EFE/Shaun Botterill

Белгискиот фудбалер Алберт Самби Локонга (21) е нов играч на лондонскиот премиерлигаш Арсенал..

Арсенал за овој млад и непознат играч на јавноста, му плати дури 17,5 милиони фунти на Андерлехт.

Покрај тоа, четири и пол милиони ќе бидат исплатени преку разни бонуси во наредните години.

– Алберт е многу интелигентен играч кој покажа голема зрелост. Добро го водеше Винсен Компани. Разговарав со него и тој ми кажа позитивни работи.

Веруваме дека тој е подготвен за нов чекор во кариерата – рече менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот