Арсенал го комплетираше трансферот на Вилијан

фото: arsenal.com

Како што официјално соопштуваат од лондонскиот клуб, бразилскиот интернационалец потпиша договор на три години. Вилијан, искусниот 32-годишен напаѓач има повеќе од 600 натпревари во клупската кариера за период од 13 години.

Ги бранеше боите на бразилскиот клуб Коринтијанс, пред да направи трансфер во редовите на Шахтјор Доњецк во август 2017 година.

Со украинската екипа беше четирипати национален шампион, воедно се закити со титула во УЕФА купот во 2009. Четири години подоцна потпиша за Анжи Махачкала пред да го облече дресот на Челси.

Со лондонските „сини“ во својата втора сезона во Англија ги освои Премиер лигата и Лига купот. Севкупно во седум години со Челси двапати се искачи на врвот во Премиер лигата, со по уште еден трофеј во ФА купот и Лига Европа. Запиша 339 натпревари, 63 голови и 56 асистенции.

Верувам дека тој е играч кој навистина може да направи разлика за нас. Го следевме во последните неколку месеци, имавме јасна намера да се засилиме на позициите играч за врска во нападот и крило. Тој е фудбалер кој дава многу разноврсност, може да игра на три или четири различни позиции – вели менаџерот на „топчиите“, Микел Артета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот