Арсенал брка негатива за четвртфинале во Лигата на шампионите

Момент од првиот натпревар меѓу Порто и Арсенал во ЛШ/фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Љубителите на фудбалот денеска имаат два многу интересни натпревари во фудбалската Лига на шампионите. Се работи за реванш натпревари од осминафиналето.

Барселона ќе биде домаќин на Наполи. Првиот натпревар на стадионот „Диего Армандо Марадона“ на 21 февруари заврши 1:1. Стрелец на единствениот гол за Барса беше Роберт Левандовски во 60 минута, а стрелец за „наполитанците“ беше Виктор Осимен во 75 минута.

Барса е непоразена на осум мечеви во сите натпреварувања, Наполи на шест, а на трите домашни натпревари оваа сезона во групата на ЛШ, Каталонците три пати победија со гол разлика 9:2, додека шампионот на Италија ја помина групата со две победи и пораз на гостински терен.

Барса е непоразена против клубот од Неапол во последните пет средби (две победи, три нерешени).

Во вториот вечерашен дуел Арсенал е домаќин на Порто. Првиот натпревар, спротивно на прогнозите, го доби Порто со голот на Галено во четвртата минута од судиското надополнување.

Тоа беше пред три недели, а во меѓувреме Арсенал се искачи на врвот во Премиер лигата со ист број бодови како Ливерпул, „Топџиите“ имаат три победи во три кола, додека Порто е трет во португалската Примеира, шест натпревари во сите натпреварувања без пораз, а по триумфот играчите на Сержи Консеисао имаат нерешено и три победи над тимот на Микел Артета.

Арсенал сезонава во Лигата на шампионите на Емирати има три победи со гол разлика 12:0, а Порто сезонава на гостински терен, во групата, две победи и едно реми.

Лига на шампиони
Денеска, осминафинале, реванш
(во заграда се резултатите од првите натпревари)

21:00 часот Барселона – Наполи (1:1)

21:00 часот Арсенал – Порто (0:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот