Арне Слот официјално го напушти Ливерпул
Арне Слот (47) веќе не е тренер на фудбалскиот клуб Ливерпул, денес потврдија од „Енфилд“ во попладневните часови. Холанѓанецот веднаш ја напушта тренерската функција, а „црвените“ објавија дека процесот за назначување на негов наследник е во тек.
Препорачано
Информацијата сигурно не е изненадувачка со оглед на резултатите остварени минатата сезона, особено со оглед на очекувањата што ги имаше клубот кога Слот го наследи Јирген Клоп.
Се вели дека тренерот на Борнмут, Андони Ираола е фаворит за испразнетото место. Шпанскиот стручњак остави одличен впечаток во Премиер лигата и долго време е интерес на неколку големи европски клубови.
Слот пристигна на „Енфилд“ во 2024 година по одличниот период во Феенорд, освојувајќи ја титулата во Премиер лигата во својата прва сезона, но неговиот тим целосно потфрли во втората.
Ливерпул ја заврши сезоната 2025-26 на петтото место, 25 бода зад шампионот Арсенал, и обезбеди место во Лигата на шампионите дури во последното коло и покрај тоа што инвестираше стотици милиони евра во силни засилувања претходното лето.
Ги предводеше „Црвените“ во 113 мечеви во сите натпреварувања и забележа 66 победи, 19 нерешени и 28 порази.
Liverpool FC can confirm Arne Slot is to depart his role as head coach with immediate effect and that the process to appoint a successor is under way.
He leaves with a Premier League title to his name and our deepest gratitude and appreciation.
— Liverpool FC (@LFC) May 30, 2026


