Арбр Адеми нов шеф на пратеничката група на ДУИ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

По оставката на пратеникот Изет Меџити од позицијата координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ), пратениците на партијата го избраа пратеникот Арбр Адеми за оваа функција. Адеми истовремено е и претседател на Комисијата за европски прашања.

Како што дознава „Слободен печат“, пратениците на ДУИ биле единствени во изборот на Адеми за координатор, а зад овој предлог стои и потписот на Изет Меџити и другите пратеници, вклучувајќи го и потписот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот