Арамија украл мотоцикл од фирма, полицијата го фати

Фото: Илустрација

На 19.05.2022 во 20.50 часот на улицата „Благоја Стефковски“, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Т.(24) од Скопје поради сомнение дека на 5.5.2022 одзел мотоцикл од фирма во индустриска зона „Чојлија“.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници го признал делото. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Казнети 144 возачи во Скопје, 19 возачи на мотоцикл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот