Казнети 144 возачи во Скопје, 19 возачи на мотоцикл

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. / фото Архива

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 144 мерки. Меѓу казнетите има возачи кои користеле мобилен телефон, 19 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл,џидевет мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за непрописно престројување…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот