Али Ахмети, Стојанче Ангелов / Фото. Фејсбук Ахмети, Ангелов

Апсурдно е да се бара ослободување на воени злосторници, протестот нема да го премисли Хаг, порача Ангелов

Во пресрет на денешниот протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), се огласи со критики лидерот на партијата Достоинство и бранител од конфликтот во 2001 година, Стојанче Ангелов.

Тој порача дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат во согласност со меѓународното право, вклучително и оние припадници на македонската УЧК (Ослободителна народна армија – ОНА) кои во 2001 година извршија воени злосторства во Македонија, додаде Ангелов на „Фејсбук“.

Според него, апсурдно е да се бара ослободување на кои било злосторници, осомничени, обвинети или осудени за воени злосторства опфатени со меѓународното право.

„Од друга страна, ваквиот протест, повеќе од сигурно, нема да го поколеба судот во Хаг. Тогаш, се поставува прашање, која е скриената агенда на денешниот протест? Уште повеќе, зошто токму во Скопје? Дали “случајно”, дали затоа што не им дозволиле на друго место или сепак се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта? Напад врз владејачкото ВМРО ДПМНЕ и коалицијата? Напад врз премиерот Христијан Мицкоски кој се покажа како прилично тврд орев за меѓународната заедница? Перфиден напад кој едноставно го принудува и албанскиот коалиционен партнер во власта, денес да излезе на протест? Бидејки, ако не излезе, добиваме посилна ДУИ. А ако излезе, се создава погодно тло за послаба власт, односно, погодно тло за враќање на ДУИ во власта?“ прашува Ангелов во својата објава на Фејсбук.

Можноста за разгорување на меѓуетничката нетрпеливост и нарушување на и онака кревката меѓуетничка доверба, според Ангелов, на ДУИ им доаѓа како „гратис“.

За денеска во 13 часот на плоштадот Скендербег е најавен протест за поддршка на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, на кои во Хаг им се суди за воени злосторства извршени за време на војната во 1998-99 година. Протестот го поддржаа речиси сите лидери на партиите на Албанците во Македонија, меѓу кои и челникот на владејачката коалиција „Вреди“, Изет Меџити. Под слоганот „Јас сум УЧК“, претседатателот на ДУИ Али Ахмети ги покани сите да дојдат на плоштадот Скендербег.

Под слоганот „Јас сум УЧК“ Ахмети повикува на масовен протест за поддршка на поранешните водачи на УЧК

Поради протестот, засилено обезбедување ќе има 24 часа пред и по протестниот марш, ќе се следи секој чекор на демонстрантите, кои се очекува да дојдат од Албанија и од Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот