Васил Јованов пресуда за прегазената Фросина Кулакова / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Апелација му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

Апелациониот суд му ја зголеми казната на 13 години на возачот кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова во центарот на Скопје, кого Кривичниот суд го осуди на 12 години затворска казна.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по одржана јавна седница на 06.10.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 27.10.2025 година, донесе пресуда со која ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С. кој со првостепената пресуда е огласен виновен за кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став2 в.в со член 297 став 1 од Кривилниот законик, се осудува на казна затвор во траење од 13-тринаесет години. Во останатиот дел првостепената пресуда се потврдува – соопшти Апелација.

Кривичниот суд пред седум месеци го осуди Јованов на 12 години затвор за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за што е предвидена казна затвор од најмалку четири години до максимум 20 години затвор.

Јованов во јануари без возачка дозвола под дејство на алкохол, со брзина од 90 километри на час удрил во Фросина на обележан пешачки премин. Кулакова почина на лице место.

ВИДЕО | Васил Јованов осуден на 12 години затвор – таткото на загинатата Фросина го нарече судот мафија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот