Апелација: Јанакиески излегува во јуни на слобода, за Мијалков ќе одлучува Кривичен суд

Жалбата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, со која се бара условен отпуст е уважена и ќе започне на 17 јуни годинава, дпдека за предвремено излегување од затвор на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков повторно ќе одлучува Кривичниот суд, информираат од Апелациониот суд Скопје за двете одлуки.

Апелациониот суд – Скопје, информира дека Кривичен совет на Судот донел решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот М.Ј, од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува.

„Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје, одлуката за условен отпуст е преиначена и условниот отпуст за осудениот М.Ј. наместо, како што гласеше првичната одлука, да започне на 16.01.2025 година, ќе започне на 17.06.2024 година, но под услов до истекот на условниот отпуст обвинетиот да не стори ново кривично дело“, се вели во соопштението од Апелација.

Апелација за Мијалков донесе решение со кое се уважува неговата жалба и предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд“, стои во решението на Апелациониот суд Скопје.

Јанакиески во февруари 2022 година призна вина за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ за што првостепено беше осуден на четири години и шест месеци затвор, по што Апелација во јуни минатата година му ја намали казната на три години и шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот