Апелација ја потврди пресудата за „Рекет“: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева
Апелациониот суд во Скопје, ја потврди во целост пресудата за случајот „Рекет“ со што Бојан Јовановски – Боки 13 правосилно го осуди на 9 години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на 7.
Како што соопштија од Апелација, ги разгледале жалбите на двајцата обвинети, како и на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое бараше повисоки казни, со што одлучиле да ги отфрлат, и да ги потврдат првостепените пресуди.
Со одлуката на Апелација, пресудата станува и правосилна, по што од Кривичниот суд во Скопје на обвинетите треба да им испратат и упатен акт за во затворот каде ќе треба да ја одлежат казната.
Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од 3 години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга.
Според обвинението, а и првостепената пресуда за „Рекет“, откако во ноември 2018 СЈО ја отворило истрагата „Империја“, биле барани пари од осомничениот бизнисмен Орце Камчев, со цел тој да добие повластен третман, како укинување на притвор, враќање на пасошот, но и евентуално својство на заштитен сведок или склучување спогодба. Обвинителството тврдеше, а судечкиот совет смета дека е докажано, дека од Камчев биле изрекетирани 1,5 милиони евра.
Јовановски и Јанева, пак, во текот на судскиот процес ги отфрлаа ваквите тврдења и предметот го нарекуваа политички, исто како и првостепената пресуда.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
8мин
-
12мин
-
15мин
-
15мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5