Судење Палчо 3 дел / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Апелација ги разгледува жалбите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Апелацискиот суд во Скопје денеска ја почна јавната расправа на која ќе се разгледаат жалбите за доживотниот затвор на Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски кои од страна на првостепениот суд беа осудени за грабнување и свирепи убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинителството се жали на тоа што таткото на Вања Ѓорчевска, Александар, беше ослободен од обвинението дека помогнал при планирањето на грабнувањето на сопствената ќерка за што Основниот суд смета дека нема докази.

Кривичниот суд Скопје на 25 јуни 2025 година ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за кривичните дела грабнување и свирепо убиство на двете жртви.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Според првостепената пресуда, грабнувањето на 74-годишниот Панче Жежовски било за да го присилат да им го даде своето возило, за подоцна да го искористат за ново кривично дело – грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Скопје.

Сите обвинети во текот на судскиот процес рекоа дека не се чувствуваат виновни и побараа ослободителна пресуда.

Само Влатко Кешишев изрази каење и рече дека имал грижа на совест што бил дел од групата, но дека не учествувал во планирањето и извршувањето на убиствата.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

(Видео) Обвинителството не се откажува од гонење на таткото – единствено родителите знаеле дека Вања ќе оди сама на училиште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот