Апасиев учествувал на дигитален самит на Комунистичката партија на Кина, зборувале Си, Мадуро и Вучиќ

Фото: Левица

Претседателот на Левица Димитар Апасиев ја претставувал партијата на светски самит организиран од Комунистичка партија на Кина, кој се одржал дигитално, под мотото: „КПК во дијалог со светските политички партии“, соопшти партијата.

Апасиев се вклучил на настанот заедно со претставници на 600 други партии од над 160 светски земји.

Ним од седиштето на КПК во Пекинг, свечено им се обратил кинескиот лидер Си Џинпинг, а по неговиот воведен говор следеле и говори на претседателот на Венецуеал Николас Мадуро, претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, српскиот претседател Александар Вучиќ и други, се вели во соопштението од Левица.

„На светскиот состанок, кој се одржа на највисоко ниво, се отворија важни теми за: потребата од надминување на постоечкиот западнистички неолиберален поредок; справувањето со новите геополитички предизвици; мирољубивата коегзистенција и интернационалната соработка меѓу народите; иницијативата „Појас и Пат“; модернизацијата на земјите преку одржлив раст и развој и почитување на нивниот национален суверенитет; вложувањата во инфраструктурата; справување со сиромаштијата и еколошките предизвици; опоравувањето од Ковид кризата и неизбежното раѓање на еден нов и поправеден мултиполарен свет“, велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот