Фото: Brera Strumica

АП Брера по триумф над Шкупи, но и со мислите кон баражот

Фудбалерите на АП Брера ќе играат бараж за опстанок во Првата македонска лига, но за да ја заокружат сезоната со позитивен резултат, посакуваат триумф на денешниот меч против Шкупи. Трите бода се императив за струмичкиот состав на мечот кој го играат на домашен терен.

– Треба да ја заокружиме сезоната на најдобар начин и да се подготвиме за бараж-натпреварот што нѐ очекува за опстанок во елитата – порачуваат од Брера.

Натпреварот меѓу АП Брера и Шкупи е закажан за 16.30 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Шкупи ќе ги одигра последните минути сезонава во елитата, со оглед на тоа што клубот следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига.

Тренерот на Шкупи, Алиса Виши, во овој меч ќе им даде шанса на младите играчи кои досега немаат почувствувано прволигашки фудбал. Од друга страна, дел од стандардните првотимци ќе добијат заслужен одмор за да бидат максимално подготвени за големото финале во Јуниорскиот куп, каде Шкупи повторно ќе ги одмери силите со АП Брера.

– Ова е наш последен натпревар во елитата и ќе се обидеме да ја затвориме сезоната со достоинство. Горд сум на овие момци кои издржаа до самиот крај и се бореа за клупските бои со единствена цел — да спречиме колапс и пад во Четвртата лига. Многу подобро е да се започне одново од Втората, отколку од Четвртата лига. Сега имаме доволно време да се мобилизираме и да го вратиме нашиот клуб таму каде што припаѓа. Секој голем клуб минувал низ кризи, но се враќал уште посилен. Фудбалот е едноставно таков, нема успех без тешкотии. Против АП Брера ќе патуваме со фудбалери кои немаа голема минутажа оваа сезона. Дел од играчите ќе одморат поради преголемиот интензитет и физичкиот товар, бидејќи нè очекува финалето во Купот. Заслужија поштеда во ова последно коло, особено по големиот успех и пласманот во финалето на Јуниорскиот куп, каде повторно нè чека дуел со АП Брера – рече Виши.

Во досегашните 33 пресметки во домашните натпреварувања, Шкупи има 17 победи, АП Брера триумфирала деветпати (двапати оваа сезона), додека седум средби завршиле без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот