Антиврховизмот и македонизмот на Сандански и на санданистите (10)

Големиот македонски револуционер Јане Сандански

Сандански сметал дека „сите што агитираат било во Македонија, било надвор од неа врз базата ослободување и обединување на Бугарите, треба да бидат третирани непријателски од ВМОРО, така како што се третираат од Организацијата српските и грчките агитации и чети“.

Манол Пандевски за ваквите сфаќања за ослободителната борбата исправно констатирал: „Bo aгитaциjaтa нa Caндaнcки cpeд нapодoт, вocтaниeтo, речиси, кaкo дa е отсутно; peвoлyциjaтa e кoнципиpaнa нa нeoпpeдeлeнo дoлг poк; тaa ce cфaќa кaкo пocтaпно ocвojyвaњe нови, поповолни позиции за ослободителното дело, кaкo нeкoj вид eволyцијa вo дoлгoтpajнaтa pевoлyциja. Зa Jaнe Caндaнcки peвoлyциjaтa e oпштecтвeн пpoцec, a вoстaниeто opyжeнa пpojaвa, на кои нe можaт oднaпpeд дa им cе пocтaвaт poкoви, a peвoлyциjaтa мoже дocтa долгo дa пoтpae“.

Академик Манол Пандевски

Ваквата поставеност на стратегијата и тактиката на Сандански, наспроти стратегија на Организацијата која била насочена кон брзо кревање востание за ослободување од османската власт, фактички ја правела разликата меѓу него и неговите приврзаници и останатиот дел од Организацијата. А, пак, од оваа разлика произлегувале многу други недоразбирања и судири меѓу серчани и десницата во МРО.

Еволуционистичка стратегија

Тој таканаречен еволуционизам во борбата, што го пропагирале Делчев и Сандански, фактички била една длабоко реалистична и долгорочна стратегија за ослободувањето на Македонија и на македонскиот народ. Тој еволуционизам укажувал на нужноста од самоорганизирање за борба и самоослободување од турската власт. Тој еволуционизам ги насочувал силите на македонската револуционерна организација да работат врз принципот на темелна подготовка на населението за револуционерна борба. Тоа барало да се работи со воспитно-пропагандни мерки сред македонското население со цел да се подигне неговата борбена свест. Требало најнапред да се постигне задоволителна материјална база за водење оружена борба, а потоа да се прогласи почеток на едно сенародно македонско востание.

Борис Сарафов

Сето ова значи дека Сандански се спротивставувал на авантуризмот што бил форсиран од врховистите, а кој се огледал во настојувањето по секоја цена да се востани… Токму поради тоа, на пример, вo eднa „Окpyжницa“ oд пoчeтoкот нa 1905 гoдинa, потпишaнa oд Јане и иcпpaтeнa дo oкoлиcкитe paкoвoдcтвa вo Cepcкиoт oкpyг тoj, мeѓy дpyготo, пишyвaл: „Jacнo e кaквa големa oпаснocт пpeтстaвyва за самостојноcтa нa Opгaнизaциjaтa тaa нoвa cтpyja во нea. Дoдeкa вpxoвизмoт игpaшe co oтвopeни кapти, Capaфов ce cлyжи co најподмолни сpeдcтвa и нa ceкoj нaчин cе тpyди дa нe бидe cфaтeн кaкo oддeлнa cтpyja вo ocлoбoдитeлнoтo дeлo. Дpyгapи, нeкa нe вe мaми попyлapнocтa нa Capaфов. Taa cе зacнoвувa нa зacлyги oд coмнитeлнa вpeднocт. Мaкедoниja нe тpeбa дa бapa пoмoш нaдвop oд сeбe, тукy вo caматa cебecи. Нејзинaтa слободa нe ќe бидe пoдapoк, тyкy кpвaв oткyп, платeн co илjaдници жpтви кaкви штo ниe дaдoвме и пpoдoлжyвaмe дa дaвaме. Oвa тpебa добpo дa ce paзбepe“.

За разбирање на дејството на Сандански и неговите приврзаници и следбеници, неопходно е да се познава суштината на идејната поделба во македонското револуционерно движење на централисти и врховисти, односно на приврзаници на Централниот комитет на МРО и Врховниот македонски комитет (ВМК). Имено, откако во Солун, во 1893 г., се формирала МРО, бугарскиот двор и бугарската политичка елита, од македонски емигранти го создала ВМК во Софија. Тој Комитет претежно бил составен од офицери на бугарската армија што имале македонско потекло. Оттогаш се развил еден судир меѓу ВМК и МРО, кој имал повеќе свои карактеристики и кој се водел на различни нивоа и со различни средства. Во основа, станувало збор за тоа кој да раководи со македонското револуционерно движење, дали да се дозволи директно мешање на бугарската држава во таа борба и дали бараната „автономија“ е само етапа кон присоединувањето со Бугарија или борба за македонска државност.

По неуспешното Илинденско востание, МРО започнала да се дели на две крила, условно наречени „левица“ и „десница“, во понови времиња именувани и како „реформско демократско“ крило и „конзервативно“ крило. Десницата постепено се приближила и се споила со поранешните врховисти и била предводена од Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Гарванов и Борис Сарафов, а левицата од Јане Сандански, Христо Чернопеев и Димо Хаџи Димов.

Димо Хаџи Димов и Јане Сандански

Борбата кај село Кашина

Својот принципиелен, отворен, бескомпромисен и доследен антиврховизам Сандански најотворено го манифестирал со спремноста вооружено да се спротивставува на четите испраќани од Софија, од ВМК кон внатрешноста на Македонија. Борбата кај селото Кашина, на 8 април 1905 г., која Димитар Димески сосема прецизно ја нотира како „симбол на непомирливата антиврховистичка борба на Јане Сандански“, на јасен начин ги потврдува изречените констатации. Според податоците кои ги сублимира Димески, во заседата која на врховистичката чета на Јурдан Стојанов била поставена од четите на Сандански, кои пак биле предводени од војводите Атанас Спасов-Таската Серски и Атанас Тешовалијата, биле убиени седум, а ранети шестмина врховисти. Мнозинството од врховистичката чета се предало и било заробено. Четворица од заробените биле осудени на смрт и убиени.

Атанас Спасов-Таската Серски

Едноставно, јасната и бескомпромисна спротивставеност на врховистичкиот и неоврховистичкиот императив за истородноста на Македонците и Бугарите и оттаму произлезената нужност за државно обединување, сè она што не можело да им се прости и, сè уште, не може да им се прости на Сандански и на санданистите. За тоа колкав бил ваквиот нивен антиврховизам, убаво може да послужи како илустрација искажувањето на самиот Јане Caндaнcки нa eдно coвeтyвaњe вo Coфиja, oдpжaно нeпocpeднo пpeд yбиcтвoтo нa Capaфoв и Гapвaнoв, a нa кoе cе бapaлo pacчиcтyвaње нa oднocитe мeѓy двeтe крилa нa мaкeдoнcкaтa peвoлyциoнepнa оpгaнизaциja.

Имено, според Христо Силјанов: „Caндaнcки oбjacнyвaшe вo oпшти цpти дeкa тpeбa дa cе paбoти зa paзбyдyвaњe нa cвecтa нa нapoднитe мacи, дeкa cе тиe caмocтoeн нapoд, дeкa имaaт пpaвo нa cлoбoдeн живoт и дeкa тpeбa дa cе бopaт зa извojyвaњe нa cвоjaтa cлoбoдa бeз дa ce нaдeвaaт нa тyѓa пoмoш, зaштo оние штo ќe дojдaт дa ги ocлoбодaт, вcyшнoст, ќe дojдaт дa ги зapoбaт“. Сандански сметал дека „сите што агитираат било во Македонија, било надвор од неа врз базата ослободување и обединување на Бугарите, треба да бидат третирани непријателски од ВМОРО, така како што се третираат од Организацијата српските и грчките агитации и чети“.

(продолжува)

Прочитајте ги и другите делови од фељтонот: Јане Сандански и санданизмот во македонското ослободително дело

ПРВ ДЕЛ: Врховистите ја барале „главата на Сандански“! (1)

ВТОР ДЕЛ: „Отровниот македонизам“ на Сандански (2)

TРЕТ ДЕЛ: Убиствата на Гарванов и на Сарафов (3)

ЧЕТВРТИ ДЕЛ: Младотурската револуција и Јане Сандански (4)

ПЕТТИ ДЕЛ:Манифестот на Сандански до сите народи во Империјата (5)

ШЕСТИ ДЕЛ: Сандански мета на повеќе атентати (6)

СЕДМИ ДЕЛ: Сандански ликвидиран в грб, од заседа (7)

ОСМИ ДЕЛ: Дискредитација на ликот на Јане и неговата политика (8)

ДЕВЕТТИ ДЕЛ: Борбата на Сандански за македонска самостојност (9)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот