„Анонимуси“ ѝ објавија сајбер-војна на Русија, хакирана страната на РТ

Фото Архива на СП

Најголемата хакерска група „Анонимуси“ и објавија војна на руската влада, во екот на рускиот напад врз Украина, кој трае веќе втор ден.

„Групата Анонимус официјално е во сајбер војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.

Хакерските активисти собрани во колективот „Анонимуси“ немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мнозинството“. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.

Предупредија за руски напад

Вечерва издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што се случи неколку часа подоцна.

Во Киев одекнуваат експлозии од 4.30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека рускиот авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Во запалените згради има повредени. Украинскиот претседател ги потврди извештаите за руски ракетни напади во Киев.

Хакирана станата на РТ

Вчера тие ја хакираа и ја соборија страницата на државната телевизија на Путин „Русија денес“. Страниците на РТ беа привремено недостапни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот