Макрон - Папата Лав / Фото: EPA

Анонимен твит поттикна лажна вест дека папата Лав одбил да го прими Макрон

Во последните часови се проширија лажни информации поврзани со претседателот на Франција, Емануел Макрон. Сè започнало од анонимен профил на Икс, иако изворот бил крајно сомнителен, објавата надминала еден милион прегледи и била преземена без никаква проверка од блогови, веб-страници и псевдо-медиуми, особено од крајната десница, пишува „Silere non possum“, независен италијански католички портал.

– Во твитот се тврдеше дека Папата Лав одбил аудиенција со Макрон, што е целосна невистина. Авторот на дезинформацијата произволно поврзал неколку теми – реставрацијата на витражите во Нотр Дам, дебатата во Франција за медицински асистирано самоубиство и наводен антагонизам на Ватикан кон француската политика – па дури и лажно тврдел дека папата планира да го смени парискиот надбискуп – пишува порталот.

Дополнително, се тврдеше дека овие „информации“ наводно ги изнел Џовани Чезаре Пагаци, архивист и библиотекар на Римската црква. По директна проверка, Пагаци јасно изјавил дека никогаш не кажал ништо слично и дека ваквите прашања воопшто не се во негова надлежност, пишува порталот.

Потоа бил контактиран и Државниот секретаријат на Ватикан, од каде стигнал исто толку јасен одговор: сè е лажно. Единствено што постои се тековни дипломатски контакти со Елисејската палата за договор на термин за средба, зависно од агендите на двајцата лидери. Сите други наводи се, како што велат од Ватикан, „чиста бесмислица“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот