Анкета: Скоро никој не верува во брзо закрепнување на Австрија по пандемијата
Речиси никој во Австрија не верува во брзото закрепнување на земјата по корона-кризата, односно дека земјата веднаш ќе го достигне нивото како пред пандемијата, покажа истражувањето на Институтот Маркет.
Препорачано
Само три проценти од Австријците се убедени дека Австрија ќе може брзо да закрепне, а од друга страна, 45 проценти сметаат дека таквото закрепнување е невозможно.
Во исто време, повеќето Австријци истакнуваат дека земјата поминала добро низ кризата, односно не била многу погодена од кризата.
Покрај тоа, постои зголемен страв дека многу работни места може трајно да се изгубат.
– Економските сомнежи се поврзани со фактот дека граѓаните не веруваат во компетентното раководство на владата. Пред една година, повеќе граѓани рекоа дека владата презема вистински мерки отколку што е случајот сега, објасни шефот на Маркет, Дејвид Пфархофер.
Анкетата, спроведена за дневниот весник „Стандард”, исто така, покажува дека довербата на граѓаните во канцеларот Себастијан Курц е намалена. Неговата работа пред една година како одлична ја оцениле 46 отсто од граѓаните, а сега ја поддржуваат само 12 отсто, од кои скоро сите се гласачи на негова Народна партија на Австрија.


