Анкета помеѓу свештениците: Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја

Илустративна фотографија / EPA/ARNE DEDERT

Три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја, покажаа резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс.

На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле дека Велика Британија денес може да се опише како христијанска земја.

Од друга страна, речиси две третини (64,2 отсто) оцениле дека Велика Британија може да се нарече христијанска земја, „но само историски, не моментално“, додека 9,2 проценти од испитаниците одговориле со „не“.

Според податоците од пописот во 2021 година покажуваат дека процентот на луѓе кои се идентификуваат како христијани во Англија и Велс првпат е под 50 односно 46,2 отсто, со истовремен пораст на „нерелигиозни“ лица, чиј процент изнесува 37,5.

Истражувањето исто така откри дека повеќето свештеници сакаат црквата да одобри истополови венчавки и да се откаже од своето противење на предбрачниот и геј сексот.

Повеќе од 53 отсто од анкетираните свештеници поддржуваат црковни венчавки за истополови парови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот