Анкета: Мнозинството Украинци сметаат дека нивната земја не е независна

Повеќето украински граѓани не сметаат дека нивната земја е независна и веруваат дека државните власти се под влијание на ЕУ, САД и ММФ, покажуваат резултатите од истражувањето на украинскиот Институт за анализа и прогноза.

Околу 67,4 отсто испитаници сметаат дека Украина навистина не е независна држава, а околу 53,1 процент веруваат дека економската политика на украинските власти целосно зависи од влијанието на други земји и организации.

Кога станува збор за тоа кој има најголемо влијание врз Украина, повеќето анкетирани, 57,3 отсто, одговориле ЕУ, 42,9 проценти ММФ, а 42,5 отсто сметаат САД.

Покрај тоа, 67,4 отсто од Украинците веруваат дека работите во земјата се движат во лош правец.

Повеќе од половината граѓани, 57,3 проценти, ја гледаат ситуацијата во Украина како предизвик, а 16,5 отсто како критична.

Истражувањето е спроведено на примерок од 2.000 луѓе во 24 украински региони и Киев во период од 16 до 26 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот