Анима Мунди: Осми ден животните на свињарската фарма во селото Таринци оставени без храна и вода

Фото: Фејсбук

Околу пет до десет илјади животни веќе осми ден се без храна и вода во простор без вентилација, оставени да умрат на свињарската фарам во селото Таринци, апелираат од Здружението за заштита на животни Анима Мунди.

Според објавената фотографија од Здружението, фармата е затворена, забарикадирана, а има и камион за да не може да помине никој.

Во меѓувреме осуда на смрт и препукување помеѓу институциите, населението каде ќе се закопаат 10 000 животни, кои, без око некому да му трепне скапуваат живи во агонија додека не испуштат здив..тие кои и ова ќе го преживеат, најиздржливите, најизмачените ги чека масакар. Садизам, бруталност која надминува секоја граница на разум. Бедна држава која наместо мерки на превенција, хигиена, дезинфекција, исклучување на контакт, засилување на царинските контроли на граничните предели за да се спречи неконтролирано внесување на свињско месо, одлучува да крене паника и повика на масакар на свињите а нивното убивање финансиски го компензира – велат од Анима Мунди.

Тие реагираат дека ако сите епидемии се решаваат со убивање, немаше да има живи сушстества на платетата.

Монструозна е оваа приказна и секој сегмент на нашето општество. Ваква инертност кон туѓата несреќа, страв и страдање; третманот на свесни и чувствителни суштества небаре се отпад, а не живи битија е клучен фактор кој не деградира како општество, како луѓе. Македонија е земја која ја водат политичари без морал, свест и доблест; пеколот за животните – додаваат од Анима Мунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот