Англиската верзија на сајтот на Влада не знае дека имаше избори

Англиската верзија на владиниот сајт очигледно не е ажурирана подолго време, бидејќи кога ќе ја отворите ќе го видите стариот состав на владата.

На самата страница може да се забележи дека последен датум кога е направена промена е 31.05.2019 година.

„Актуелниот состав на владата е избран на 31 мај 2017 година, по парламентарните избори во декември 2016 година“, вели англиската верзија на владиниот сајт.

Принсткрин од веб-страната на Влада

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, доби мандат за состав на Влада од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов. Со 62 гласа „за“, 44 „против“ и 5 воздржани, Собранието гласаше за Владата на премиерот Зоран Заев. Претседател на Владата на Република Северна Македонија е Зоран Заев. Претседателот има 5 заменици“, стои се уште на сајтот.

Англиската верзија може да ги збуни странските дипломати, бидејќи старо-новиот премиер Заев сега има 4 заменици, додека Радмила Шекеринска не е повеќе вицепремиер. Со новите измени Артан Груби е прв заменик на премиерот и носител на оваа функција.

На сајтот со англиска поддршка се споменуваат имиња кои јавноста ги заборави веќе, како што е името на вицепремиерот и министер за економски прашања – Кочо Анѓушев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот