Англичанка им ставала вијагра во кафето на колегите, вработените ја снимиле и пријавиле во полиција

Кафе во канцеларија / Фото: YAY Media AS / Alamy / Alamy / Profimedia

Една жена во Англија е обвинета поради сомнение дека ставила таблети вијагра во кафето на своите колеги, пишува Гардијан.

Карен Бил (62) била вработена како чистачка во Енвирограф, фабрика која произведува производи за заштита од пожар во Довер. Пред неколку месеци, таа била снимена како става и меша непознат прав во кафето што го правела за другите колеги секој ден, рекоа од Кантербери Краун Корт.

Камерата била поставена по поплаките за кафето што таа го правела, а работниците се жалеле на чуден вкус, дамки во кафето и кашеста текстура.

На видеото може да се види Бил како носи ракавици и го меша кафето со прстите. Откако полицијата била алармирана, полицајците пронашле две тегли со кафе во кои имало лек за еректилна дисфункција силденафил, кој се продава како бренд Виагра и лек за висок холестерол.

Во канцелариите на двајца нејзини колешки, сметководителката Катрина Гравенор и секретарката Џин Смит биле пронајдени контаминирани тегли.

Бил ги негира сите наводи и се брани дека само ја проверувала содржината на чашите.

Обвинителството тврди дека количините на употребените апчиња не се доволни за сериозно труење на луѓето, но заклучиле дека Бил имала злонамерна намера да им наштети на своите колеги, а можеби и на другите работници во фабриката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот