Ангеловски: Не сум селектор кој калкулира, не знам да играм на нерешено!

Фото: ffm.mk

Најдобрата македонска репрезентација утре од 18.00 часот се среќава против Ерменија во последениот натпревар во Лигата на Нациите. Нашата А селекција и со нерешен резултат обезбедува пласман во повисокиот ранг од натпреварувањето, Лигата „Б“.

Фудбалерите тренираа на „ГСП Стадиум” во Никозија (Кипар), а на официјалната прес-конференција за очекувањата зборуваше селекторот на репрезентацијата, Ангеловски.

– Секој позитивен резултат нè носи во Лигата „Б“. И во минатото сме имале проблеми со повредени и суспендирани играчи, никогаш не сум се жалел. Ќе играме со тие кои ги имаме на располагање, да го извадиме максимумот од нив и наше ќе биде да дојдеме до позитивен резултат.

Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми е мана, ќе играме на победа. Имаме одличен избор, тука не се да пополнат место, играме натпревар кој ни значи – вели Ангеловски.

Македонија има девет бода на првата позиција, пред Ерменија (осум), Грузија (шест) и Естонија на последното четврто место со два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот