Ангеловска: На новата е-платформа на Централен регистар ќе има и доброволна регистрација за ДДВ-обврзник

Таа посочи дека способноста на Централниот регистар да одговори на задачата е од исклучително значење, бидејќи игра значајна улога во создавањето на подобра бизнис клима и олеснување на животот на претприемачите и бизнисите.

Од годинава, со нова електронска платформа при регистрирање на фирма во Централниот регистар, ќе може да се изврши и доброволна регистрација за ДДВ обврзник. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска на настанот за одбележување на 18 години јубилеј на Централниот регистар и посочи дека ова ќе биде големо олеснување за фирмите, бидејќи преку е-платформата ќе можат да се завршат сите формалности за започнување бизнис.

– Преку електронската платформа на Централниот регистар ќе може да се регистрира фирма, да се регистрира вработувањето на првите вработени во Агенцијата за вработување и да се изврши регистрација за ДДВ обврзник – односно скоро се што е потребно за формално започнување бизнис. Како човек кој доаѓа од реалниот сектор, можам да кажам дека ова е исклучително олеснување за оние кои започнуваат бизнис – рече Ангеловска.

Прочитајте и...  Протест во Ерусалим: Демонстрантите бараат оставка од премиерот Нетанјаху

Внесувањето на податоците за доброволна регистрација за ДДВ цели, Централниот регистар ќе го врши електронски, преку поврзување на своите регистри со базите на податоци на УЈП, при што УЈП ќе го доставува бројот на ДДВ во рок од 90 минути од доставувањето на податоците од страна на Централниот регистар. Целокупната документација потребна за регистрирање на фирма се поднесува во електронска форма, потпишана со електронски потпис од овластени лица, рече Ангеловска.

Таа посочи дека способноста на Централниот регистар да одговори на задачата е од исклучително значење, бидејќи игра значајна улога во создавањето на подобра бизнис клима и олеснување на животот на претприемачите и бизнисите.

– Првиот чекор кон реализацијата на секоја бизнис идеја започнува од Централниот регистар, регистрирање на фирма. Да се биде претприемач и да се води бизнис не е лесно никаде и не ни може да биде, потребна е многу напорна работа, постојано учење и справување со предизвици. Институциите тука треба да одиграат улога на ветер во грб, а не сидро кое ќе влече назад. Како? – Така што во континуитет ќе работат на олеснување на процедурите, на скратување на постапките, правејќи ги истите лесни за употреба за сите – рече Ангеловска.

Прочитајте и...  Зибери: Не сум позитивен на ковид-19, сосема сум здрав и добар

Таа спосочи дека дигитализацијата e начинот на кој институциите можат ова да го постигнат, како и дека Централниот во текот на годините голем дел од своите услуги ги направил електронски. Така, ако порано требало да се носат хартии документација за да се регистрира фирма, денешните млади претприемачи тоа можат да го направат преку својот компјутер, додека времето изгубено по шалтери можат да го пренасочат на раст и развој на бизнисот, посочи Ангеловска.

Ангеловска рече дека бројот на нови фирми секоја година се зголемува и дека во 2019 година има регистрирано над 6.200 нови фирми.

Прочитај повеќе

Во текот на денов ќе функционираат дежурните ординации во скопските поликлиники

Слободен печат

Здружението „Една може”: Да се реши проблемот на самохраните родители кои мора да одат на работа, а нема кој да им ги чува децата

Слободен печат

Норвешка: Полицијата уапси маж кој избоде три жени, една е во критична состојба

Слободен печат

Делови од Москва и околината останаа без струја поради невреме

Слободен печат

Конгуловски: Кога САРС-КОВИД-2 ни чукна на врта и непоканет влезе дома

Слободен печат

Трамп: Полицијата убива повеќе белци отколку Афроамериканци

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Ница оддадена почит на 86 жртви на терористот кој во 2016 година ги уби во напад со камион

Слободен печат

Милевска: Институциите на ЕУ не го коментираат изборниот процес се додека не се заврши

Слободен печат

Почина последниот чехословачки комунистички лидер

Слободен печат

Попов: Правото на глас е обврска и тоа луѓето треба да го земат најсериозно (ВИДЕО)

Слободен печат

Сите 89 избирачки места во Општина Охрид се отворени навремено

Слободен печат

Илјадници на протести во Белорусија, по десквалификацијата на двајца ривали на Лукашенко

Слободен печат